Страшна несреќа во Македонија - прегазена ученичка

Петнаесет годишно девојче е тешко повредено во сообраќајна несреќа која вчера околу 17 часот и 20 минути се случила на улицата „Индустриска“ во Неготино.

Од полицијата информираат дека патничко возило „Фолксваген поло“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од 58-годишниот О.И. од Демир Капија, удрило во 15-годишно девојче од Неготино.

-Во незгодата девојчето се здобило со тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош во Итна медицинска помош  Неготино била препратена во Ургентен центар Скопје, информираат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Неготино.

 

 

 

12.12.2017 - 12:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа