Тодор Петров: Можеби ќе се кандидирам за Претседател

Тодоров Петров oд Светскиот македонски конгрес вечерва во „Само вистина“ на Канал 5 изјави дека сѐ уште има амбиции да биде претседател на Република Македонија.

„Можеби ќе се кандидирам на следните претседателски избори во 2019 година. Јас не сум член на ниедна политичка партија. Можеби ќе бидам независен кандидат, можеби и со поддршка на некоја партија“ - вели Петров.

За состојбите во земјава рече дека ВМРО-ДПМНЕ делува како тврда опција која нема да го смени името и идентитетот и затоа дошло до рекомпонирање на власта. 

 

 

 

12.12.2017 - 19:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега