Владата и додели 6 милиони денари помош на Албанија за поплавите

Владата на денешната седница одлучи да се одделат шест милиони денари финансиска помош и дополнителна хуманитарна помош, за настраданите во поплавите во соседна Албанија.

На претходната владина седница беше разгледана информацијата од страна на Амбасадата на Македонија во Тирана за состојбите во Албанија по големите поплави.

Владата тогаш ги задолжи Дирекцијата за заштита и спасување, Министерството за надворешни работи и другите надлежни институции во рок од три дена да достават предлог решение за испраќање хуманитарна помош кон регионите во Албанија кои се зафатени со поплавите. 

 

 

 

12.12.2017 - 22:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега