Време: Цела недела пролет среде зима - натпросечно високи температури

Високи температури за овој период на годината не чекаат до крајот на работната недела. Според метеоролозите и утре ќе имаме сличен ден како денешниот со многу сончеви периоди и температури над просекот. Во текот на утрешниот ден во делови од Македонија температурите ќе се качат и до 15 степени, а утринските речи си секаде ќе бидат позитивни.
Уште потопло и сончево време со повремена облачност не чека и во четврток кога температурите некаде ќе надминат и 17 степени, додека во петок се очекува наоблачување и повремени врнежи од слаб дожд. Слично време ќе имаме и за викендот а во недела студена воздушна маса се очекува да донесе позначително намалување на температурите кои во наредната недела ќе се спуштаат и до минус 10 наутро, а некаде кон крајот на идниот викенд можеби ќе се создадат и услови за снег во градовите.

 

 

 

 

 

 

12.12.2017 - 22:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега