Загадениот воздух прави големи здравствени проблеми - кардиолозите апелираат да се седи дома

Аерозагадувањето е многу штетно за оние кои имаат проблем со срцето.  Овие денови кога тешко се дише и опасните ПМ честички се и 10 пати над дозволеното, кардиолозите ги предупредуваат нивните пациенти да седат дома, бидејќи штетните честички може да направат проблеми, јавува Сител.

- Тоа е хронично загадување бидејќи не е само овие месеци. Секако, најопасно е кај хроничните пациенти но лошо влијае и кај здравите. Ова загадување влијае врз сите и кај младата популација, Антонио Антевски, кардиолог во ГОБ 8-ми септември.

За доктор Антевски, аерозагадувањето има хронично влијание врз кардиоваскуларниот систем и овој период постојано им фали кревет повеќе.

 

- Има пациенти кои ги враќаме, да доаѓаат на редовни контроли. Овој период најмногу имаме хронични пациенти со аритмии, неправилна работа на срцето бидејќи ова загадување им ја влошува состојбата, вели др. Антевски

Инаку, воздухот е екстремно загаден и вечерва.

 

 

 

 

13.12.2017 - 18:59
Фото: 
сител

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега