Зендели: БЕСА ќе учествува во расправата за јазиците ако Груби не не блокира

БЕСА нема да учествува во понатамашна амандманската расправа за предлог-законот за употреба на јазиците, доколку претседателот на Комисијата за европски прашања, Артна Груби, продолжи да ги опструира амандманите предложени од БЕСА, изјави вечерва Фадил Зендели, во Топ Тема.

- „Ќе учествуваме на утрешната дебата само ако ни се овозможи да дебатираме по амандманите кои се во постапка пред Комисија. Ако не ни се овоможи тоа, ние нема да бидеме дел од сценаријата кои сака Груби да ги спроведе во Комисијата“, вели Земдели. 

Зендели во Топ Тема на Ваша страна информираше дека БЕСА закажала Конгрес на партијата за 24 февруари. На првиот конгрес на БЕСА кандидатура за претседател навестил и нејзиниот актуелен лидер, Биљал Касами.

 

 

 

13.12.2017 - 22:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега