Не се гледа прст пред око од густата магла - викендот промена со времето

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а по одделни котлини со појава на магла. Ќе дува умерен ветер од западен и југозападен правец, кој во северозападните подрачја, особено на планините повремено ќе засилува. Температурата ќе се движи од пет до 14 степени. 

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од западен и југозападен правец. Температурата ќе достигне до 11 степени. 

До петок ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, а се уште ќе има и појава на магла по одделни котлини. Под влијание на нов влажен бран в сабота и ноќта кон недела ќе има врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните и источните делови.

Во ноќните часови на планините врнежите ќе бидат од снег, а в недела врнежи од снег може да има и на некои повисоки места. В сабота ќе дува засилен јужен ветер, а од недела под влијание на северно воздушно струење температурите ќе бидат во опаѓање.

 

 

 

14.12.2017 - 08:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега