Судењето за „Шпион“ одложено за 23 јануари

За 23 јануари следната година е одложено судското рочиште за предметот „Шпион“, поради неприсуство на Маријан Ефремов, кој е еден од осудените во овој случај. 

Судот нареди за следното судско рочиште да му се достави уредна покана на Маријан Ефремов.

Предметот „Шпион“ го презеде Специјалното јавно обвинителство.

Скопскиот Апелациски суд  во октомври 2016 година делумно ги уважи жалбите на обвинетите во предметот „Шпион“ и ја преиначи првостепената пресуда на Основниот суд Скопје 1, во однос на висината на казните.

- Апелацискиот суд до Кривичниот суд ја достави пресудата со која првостепенета пресуда за предметот „Шпион“ се потврдува, со тоа што жалбите на обвинетите делумно се уважуваат и пресудата се преиначува во делот на одлуката за казната, додека жалбата на обвинетиот Ѓ.Х. се уважува и во овој дел пресудата се враќа на повторно судење и одлучување, соопшти Кривичниот суд.

На обвинетиот Горан Стојков, кој беше осуден на девет години, со одлуката на Апелацискиот суд казната му беше намалена за три години и три месеци.

Петнаесетгодишната казана на обвинетиот Маријан Ефремов му беше намалена на 10 години и шест месеци.

Маријан Маџовски доби условна казна, а претходно беше осдуден на затворска казна од 1,5 година. Условна казна доби и Ване Цветанов, кој беше осуден на тригодишна затворска казна.

Во утврдените казни, како што тогаш соопштија од Кривичниот суд, се засметува и времето кое обвинетите го минале во притвор или куќен притвор. 

За случајот „Шпион“ беа обвинети 18 лица за злосторничко здружување, шпионажа, злоупотреба на службената положба, уцена, измама и недозволено поседување на оружје.

Во завршните зборови обвинетите тврдеа дека не се виновни и побараа од Судот да ги ослободи од кривична одговорност. 

 

 

 

14.12.2017 - 10:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега