Маглата предизвика проблеми во авиосообраќајот - откажани и пренасочени летовите на скопскиот аеродром

 Маглата која го зафати скопскиот регион предизвика проблеми во авиосообраќајот. Дел од летовите на скопскиот аеордром се откажани, а дел се пренасочуваат на аеродромите во Охрид и Приштина. 

Според информациите објавени на веб страницата на скопскиот аеродром, откажани се полетувањата за Истанбул, Виена, Базел, Будимпешта и Дубаи, а реализирани се само летовите за Љубљана и Дортмунд.

На скопскиот аеродром слетале само авионите од Љубљана, а откажани се летовите од Истанбул и Виена. Летовите од Дубаи, Брисел, Лондон и Будимпешта се пренасочени кон Охрид и Приштина. 

 

 

 

14.12.2017 - 17:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега