Петерле: Постигнат е напредок за градење доверба меѓу Атина и Скопје

Постигнат е напредок во областа за градење доверба помеѓу Атина и Скопје, но се очекува дека ќе следат и конкретни чекори, оценува пратеникот од Европскиот Парламент и претседател на Делегацијата на ЕП на Мешовитиот парламетарен комитет Република Македонија – Европска Унија, Алојз Петерле во интервју за „European Western Balkans“.

- За да се најде решение за спорот во врска со името на Македонија, а тоа да биде прифатливо за двете страни, потребно е да вложат напори и Атина и Скопје, вели Петерле и нагласува дека е поголем оптимист отколку пред една година дека е можно да се постигне решение прифатливо за двете страни. 

Коментирајќи ја соработката на ЕУ со новата македонска Влада, Петерле истакнува дека оние од ЕП кои ја следеле целата ситуација, го поздравиле завршувањето на политичкиот застој кој долго време ја парализирал Македонија на нејзиниот пат кон ЕУ. 

- Очекувањата од оваа Влада се уште се во рана фаза за да се види колку и што може да исполни од ветувањата кои ги даде во кампањата. Сепак задоволен сум што можам да слушнам дека многу соговорници гледаат нови моменти во соработката меѓу Брисел и Скопје. Треба да продолжиме да го надградуваме тој процес, вели Петерле.

Говорејќи за предизвиците со кои Македонија се соочува на патот кон ЕУ, тој изразува уверување дека македонскиот политички врв знае што точно треба да направи за да се затвори тој процес. 

Како значајно прашање за европските интеграции на Македонија, тој во интервјуто ги истакнува меѓуетничките односи, бидејќи како што објаснува, тие се од клучна важност за припадниците на сите етнички идентитети да се чувствуваат како во своја куќа и да бидат вклучени во процесот на донесување одлуки. Тоа единствено, вели тој, може да се постигне со тоа што ќе се продолжи со изградбата на меѓуетничката доверба.

На констатацијата дека претседателот на ЕК, Жан Клод Јункер најави стратегија за успешен влез на Црна Гора и Србија во ЕУ до 2025 година, и дали Македонија би можела да напредува доволно брзо кон ЕУ и да фати чекор со овие земји до таа година, Петерле истакнува дека со години се смета оти Македонија е најдобар кандидат за членство во ЕУ од регионот.

 

 

 

14.12.2017 - 18:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега