Димитров: Клучен приоритет во надворешната политика останува членството во ЕУ

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска пред дипломатскиот кор на традиционалниот Новогодишен и Божиќен прием порача дека членството во Европската унија останува клучен приоритет во надворешната политика на Македонија и изрази очекување оти реформската ориентираност на земјата, напролет ќе донесе безусловна препорака за почеток на претпристапните преговори.  

- Искрено се надеваме дека нашата политичка волја и реформска ориентираност, заедно со поддршката на нашите пријатели и партнери, ќе ни донесе безусловна препорака за почеток на пристапните преговори, следната пролет. Ова е пред се во интерес на нашите граѓани, но исто така и во интерес на земјите од регионот и пошироко, истакна Димитров. 

Тој ја нагласи и детерминираноста на Македонија за евроатлантска интеграција, но и за поголем придонес на мултилатерален план на кој државата прави значајни чекори преку неодамнешната ратификација на Парискиот климатски договор и онаа на Советот на Европа (Истанбулската конвенција за превенција и борба против насилството врз жената и семејното насилство), чие ратификување се очекува наскоро. 

димитров дипломатски кор

Амбасадорот на Руската Федерација, Олег Николаевич Шчербак, во име на сите членови на дипломатскиот кор му се заблагодари на министерот Димитров за приемот и ја истакна добрата и продуктивна атмосфера во соработката на дипломатскиот кор со Министерството за надворешни работи и со сите други државни институции.

 

 

 

14.12.2017 - 20:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега