Жбогар: Прашањето за името треба да се реши во наредните пет месеци

Евроамбасадорот во земјава Самуел Жбогар во заедничко интервју за неколку медиуми вели дека прашањето за името треба да се реши во наредните пет месеци за земјава да може да продолжи со евроатланстките интеграции.

„Следната година се отвара навистина сериозна можност за тоа. Не знаеме дали ќе има подобар можност во иднина за земјата да го фати возот кој е веќе тргнат и се движи напред во натамошните настани на проширување на ЕУ“ - рече тој.

„Гледаме добра воља од двете страни за подобрување на атмосферата и атмосферата се подобрува. Тоа ќе олесни решавањето на ова прашање. Владата изгледа фокусирана. Нема гаранции дека ќе има успех, но доколку не се проба, не може ниту да се знае дали ќе се успее “. – заклучи Жбогар.

 

 

 

14.12.2017 - 20:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега