Шилегов во „Само вистина“: Нема копче со кое ќе се исчисти воздухот во градот ВИДЕО

Во најновото издание на „Само вистина“ за алармантното загадување во Скопје гостувашеградоначалникот Петре Шилегов, кој изјави  дека не постои копче со кое ќе се исчисти воздухот во градот, зашто се неопходни сет мерки со кои ќе се остранат клучните причинители на загадувањето, а тоа не може да се направи во краток период од 50 дена колку што е тој на функцијата прв човек на Скопје.

Шилегов истакна дека сака да ги убеди граѓаните, кои ги разбира околу чуствителноста на проблемот, но дека сака сепак да докаже дека треба да се долови различноста на пристапот во решението на проблемите.

- Скопје го плаќа данокот на сечењето на дрвја и паркови во 4 саат сабајле само за нечии потреби. Неодговорното однесување во изминатите години направи урбанистички хаос во Скопје, запирајќи го природното струење на воздухот - изјави Шилегов додавајќи дека на Скопје му е потребна сеопфатна стратегија за урбанистичкиот и еколошки развој, со цел да се надминат децениски таложените проблеми.

Скопје во 2017 вели тој, има градски превоз кој е димензиониран уште во периодот на 1984 година.

- Велиме „Користете јавен превоз“, а никој од нас не е задоволен од него. Тоа е затоа што Скопје во 2017 користи јавен превоз којшто задоволува потреби од 1984 година, кога последен пат се собрани податоци за овие потреби - потенцираше Шилегов, додавајќи дека веќе се работи на решавање на овој проблем.

Шилегов најави дека се работи на голем проект со кој значително ќе се подобри јавниот сообраќај во Скопје, но дека тоа нема да биде метро, кое е прескапо и преголем зафат за Македонија, ниту трамвај, затоа што технички не е изводливо, дури и неодговорно, имајќи ги предвид главните цевки кои поминуваат низ градот.

 
 

 

 

14.12.2017 - 21:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега