Поради расправија за деловен простор закани со нож и пукање во Дебар

Полициската станица од Дебар поднесе кривична пријава против 48- годишниот Е.С од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност”, како и против 54- годишниот С.К од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело  „загрозување  со опасно орудие при тепачка или караница”.

Од МВР надедуваат дека на 14.09.2017 година, околу 14.00, на улица „206“ во Дебар (во близина на куќата на С.К.) се сретнале пријавените и започнале меѓусебна вербална расправија околу  нерасчистени односи во врска со деловен објект. Притоа, С.К. од куќата извадил кујнски нож, по што,  Е.С. извадил пиштол, го репетирал и испукал еден куршум во воздух, по што го напуштил местото на настанот.

 

 

 

 

18.12.2017 - 13:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега