Обид за убиство во Охрид - извадил пиштол и почнал да пука

Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против против 36-годишниот Г.М.  од село Радолишта, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство во обид“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. Кривична пријава е поднесена и против 23-годишниот А.Т. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање на сторител во извршено кривично дело”.

Како што соопштуваат од полиција на 10.12.2017 година на булеварот „Туристичка“, по кратка расправија која прераснала во тепачка помеѓу горенаведените и 34-годишниот С.М. , првопријавениот извадил пиштол и со еден истрел го погодил оштетениот со што му нанел тешки телесни повреди.

 

 

 

18.12.2017 - 13:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега