Налутен кумановец со бензин му ја запалил вратата и југото на соседот

Секторот за внатрешни работи во Куманово поднесе кривична пријава против 61- годишниот П.Ј од Куманово поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело “предизвикување општа опасност”.

Во соопштение од полицијата се вели дека на 10.11.2017 година околу 21.00 часот на улица „Ѓорче Петров“,  откако П.Ј. претходно земал два литри бензин, отишол во куќата на неговиот сосед  Т.К. со кого претходно имал физичка пресметка, по што со бензин ги испрскал влезните врати од куќата и ги запалил,а потоа го испрскал и возилото „Југо“ во пределот на хаубата и го запалил.

 

 

 

 

18.12.2017 - 13:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега