Османи - Сијарто: Поддршката од Унгарија важен поттик за европерспективите

 

За Македонија 2018 година претставува историска можност  да направи значаен исчекор во приближувањето кон Европската Унија и НАТО. Во оваа смисла континуираната поддршка од страна на Унгарија претставува важен поттик за европската перспектива на Македонија, истакна вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи на средбата со министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петар Сијарто.

Како што соопшти СЕП, Османи изрази благодарност и задоволство од досегашната принципиелна и гласна поддршка на Унгарија за нашата земја, како во рамките на Европската Унија, така и во рамките на земјите од Вишеградската група.

Тој додаде, се посочува, дека Македонија ќе ги испорача сите реформи кои ги има преземено како обврска за откочување на евроинтегративните процеси, истакнувајќи ја притоа и намерата позитивно да пристапи во разрешувањето на сите отворени политички прашања. 

Двајцата соговорници заеднички потенцирале дека Македонија и Унгарија имаат одлични билатерални односи и плодна соработка и дека двете земји остануваат посветени на јакнењето на меѓусебните односи и продлабочување на соработката во сферите од заеднички интерес, стои во соопштението.

 

 

 

18.12.2017 - 14:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега