Венко Филипче е новиот министер за здравство

Неофицијално, неврохирургот Венко Филипче е новиот министер за здравство, објави Инфо плус.

На Алијансата за Албанците им е понудено вицепремиерско место и се чека одговор од нив за овој предлог. Од ова ќе зависи дали тие ќе  останат дел од Владата.

Неврохирургот Филипе сѐ уште ја нема потврдено оваа информација.

Доктор Филипче е првиот „хибриден“ неврохирург во Македонија, како и во регионот на поранешна Југославија, што е едуциран во класичната и во ендоваскуларната неврохирургија.
 
Неврохирургот во моментот е советник за здравство во кабинетот на премиерот Зоран Заев.

 

 

 

 

18.12.2017 - 16:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега