Полицијата и пожарникарите сеуште на терен - возилото со запалени светла пловело по Вардар

 

Екипи на Министерството за внатрешни работи и Противпожарната заштита попладнево преземаат мерки за вадење на патничкото возило „Нисан“ од реката Вардар кај ГТЦ спроти Телеком.

Како што соопшти МВР за МИА, случајот го пријавил граѓанин попладнево во 16 часот и 45 минути. Според него, возилото со запалени светла пловело по Вардар од мостот кај булеварот „Гоце Делчев“ кон Камениот мост и застанало кај ГТЦ спроти Телеком.

- Возилото е со жолта боја, но се уште не може да се потврди дали во него има лице/а, информираат од МВР. 

 

 

 

18.12.2017 - 18:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега