Се скарале на училиште па вечерта го претепале - ученик од Скопје заврши во болница

На улица „Босна и Херцеговина“ синоќа 16-годишнио Б.Т. и 16-годишниот Т.Д. околу 18 часот биле физички нападнати од поголема група на машки лица на возраст од околу 16-18 години.

Околу  полноќ, на местото на настанот се упатил 45-годишниот Т.З. од Скопје и забележал како неговиот син Т.Д. го носеле негови другари и братучеди, кои му кажале дека не му е добро и дека има вртоглавица, по што го однел во Ургентен Центар „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Во разговорот со неговиот син истиот појаснил дека додека бил заедно со неговите другари физички биле нападнати од поголема група на лица при што ја изгубил свеста.

На Т.Д. во  пределот на левото рамо му била нанесена повреда расекотина со тврд предмет, најверојатно од нож.

Малолетникот појаснил дека до физичкиот напад дошло откако претходно неговиот другар имал расправија со напаѓачите во дворот на Училиштето „Зефљуш Марку“.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на случајот.

 

 

 

19.12.2017 - 10:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега