Тешка кражба во Прилеп: Преку ноќ останал без милиони

Непознат сторител извршил тешка кражба во куќа во Прилеп при што одзел евра, австралиски и американски долари, швајцарски франци и фунти, во вредност од 2.160.000 денари, како и разновиден златен накит во вредност од околу 2.200.000 денари.

Сторителот, синоќа во период од 19 до 22:30 часот со употреба на погоден алат влегол во куќата сопственост на 47-годишниор М.Г. во подрумот пронашол и отворил метален сеф од каде ги одзел парите и заминал во непознат правец.

Извршен е увид на место на настанот, се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

 

 

 

19.12.2017 - 11:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега