Веропулос отвора втор Џамбо маркет во Битола - инвестиција од 1 милион евра
Компанијата „Веропулос“ утре во Битола ќе го отвори четвртиот „Џамбо“ маркет во земјава, со голема забава за сите генерации.
Маркетот ќе биде отворен од осум часот, а веќе во 11 часот ќе почне забавата со жонглери, одачи на штули, мајстори за моделирање балони и уметници за боење лице, која ќе трае до 17 часот. Од 17 до 20 часот, пак, посетителите ќе можат да уживаат во божиќната забава со колачи и топол чај.
Во овој маркет ќе бидат вработени 36 лица, со што вкупната бројка на вработени во компанијата „Веропулос“ во земјава ќе достигне 1.050 лица.
Во новиот „Џамбо“ маркет ќе може да се најдат препознатливите производи кои се продаваат под овој бренд. Овие производи се наменети за членовите на целото семејство, од најмлади до најстари. Освен најголем избор на производи и услуга со врвен квалитет, „Џамбо“ постојано ќе ги следи желбите на своите потрошувачи и ќе ја креира понудата според нивните потреби.
Од менаџментот на „Веропулос“ истакнуваат дека брендот „Џамбо“ веќе е етаблиран на овој пазар, а бројот на потрошувачи расте од година во година.
- Токму поради оваа причина отворањето на уште еден Џамбо маркет беше неопходно. Џамбо е место за целото семејство, каде што секој член може да најде нешто за себе, а сите заедно поминуваат квалитетно време во дружење. Тоа е и целта на нашите Џамбо маркети. На потрошувачите да им овозможиме да поминат забавно и квалитетно време додека пазаруваат, истовремено задоволувајќи ги нивните специфични барања. Оваа наша нова инвестиција е уште еден доказ за успешното работење на компанијата Веропулос на овој пазар веќе две децении. Но, нема да застанеме тука и за следната година планираме уште проширувања – вели Лукас Бисиас, генерален директор на „Веропулос“ во Македонија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа