Пробале да подметнат пожар во угостителски објект во Скопје

Во 4 часот утрово во Скопје, на улицa „Наум Наумовски Борче“, во угостителскиот објект на 46-годишниот З.К. од Скопје, од страна на непознат сторител фрлено е стаклено шише во кое најверојатно имало запалива материја и на местото каде што паднало, настанал пожар.

Пожарот е локализиран од страна на чуварот во угостителскиот објект, при што скршено е стакло од влезната врата од локалот, а повредени лица нема.

Извршен е увид на место на настанот, се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

19.12.2017 - 13:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега