БЕГ најавува дека парното ќе поскапи за 30% - Владата порачува да почнеме да штедиме

 

БЕГ најавува дека парното ќе поскапи за 30% . Во изјава за Алсат, од компанијата велат дека за да плаќате иста сметка, по воведувањето на калориметрите ќе треба да го загревате домот 30% помалку.

Корисник кој живее во просечен стан од 60 метри квадратни ќе почне да остварува финансиски заштеди доколку заштедите на топлинска енергија изнесуваат над 30% на годишно ниво, односно при 30% заштеда на енергија, финансиската заштеда изнесува 0%. За остварување 35 отсто заштеда на енергија потребно е просечната собна температура да се намали за 5 степени Целзиусови, што е под стандардите за здраво живеење.“ – велат од Бег за Алсат.

Од Владата велат дека граѓаните мора да почнат да штедат бидејќи така е во цел свет.

„Да се намали со поевтини енергенси, да се намали со изолација. Значи цел свет оди во тој правец, не можеме ние да одиме дивергентно. Како сега, ние што да речеме? Трошете енергија, нема проблем, не треба да мислите на изолација на куќите, не треба на ништо да мислите, само евтина енергија трошете“, вели Анѓушев за Алсат.

Калориметрите според пресметките ќе чинат по 300 евра по стан. Од Владата најавија дека товарот нема да падне на граѓаните.

 

 

 

 

 

19.12.2017 - 20:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега