ВМРО-ДПМНЕ: Судот да го ослободи лицето кое вчера на протестот беше приведено и неправно задржано во полициска станица

Во текот на вчерашниот ден на уредно најавен и уредно организиран протест од страна на ВМРО-ДПМНЕ и подржувачите и граѓаните на Република Македонија, на протест на Табановце на клучката Скопје, се случи една полициска невидена бруталност, каде што едно лице беше приведено и неправно задржано во полициската станица без никакви правни основи, истакна денеска Марио Цветковски член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, од пред Основниот суд Куманово.

-Денеска се собравме тука да го изразиме овој револт против полициската бруталност и против се она што се случуваше од страна на полициските сили и воедно апелираме и бараме од Судот веднаш да биде ослободено лицето кое е долгогодишен член и активист и виден граѓанин на овој град Куманово, подвлече Цветковски и додаде:

„Значи уште еднаш потенцирам- лицето е неправно задржано во полициската станици и нема никакви причини и аргументи од они кои што се изнесуваат во јавноста“.

 

 

 

 

20.12.2017 - 14:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега