ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС во недостаток на реален успех, инвестициите на ВМРО-ДПМНЕ ги претставува како свои

СДС лажно ги презентира инвестициите на ВМРО-ДПМНЕ како свои, велат од партијата.

-Владата во недостаток на реален успех и напредок на економски план денеска медиумски се обиди да ја престави германската инвестиција Кеслер, инвестиција донесена од владата на ВМРО-ДПМНЕ како своја. Компанијата Кеслер е најавена и договорена уште на почетокот на минатата година и истата е договорено првин да биде сместена во веќе постоечки објект во Скопје, за подоцна да биде сместена во погони во западниот дел од државата, нагласуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата соопштуваат дека поради економскиот неуспех и незнаење на владата Република Македонија го допре економското дно, немањето на јасна стратегија ја воведе државата во рецесија.

Во партиското соопштение се наведува дека колку е катастрофална економската политика на владата се гледа од самиот факт што после 7 месеци власт немаат донесено ниту една сопствена инвестиција, немаат промовирано ниту еден проект или мерка.

-Наместо работа на нови проекти и економски мерки владата врши политички прогон врз неистомисленици, криминалот царува, а рекетот на големо е вратен.Економскиот биланс на државата е катастрофален. Затоа и е присутна потребата од лажна промоција, нагласуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

20.12.2017 - 16:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега