Нацев: По никоја цена нема да дозволиме хунтата на СДСМ да ја витка кичмата на нашата татковина

Оваа политичка иквизиција која нема никаква врска со правен поредок и професионален судски систем ја користи оваа прилика преку измислени обвиненија и квалификации да се пресмета со своите опоненти, ова денеска пред Истражниот затвор во Шутка на протестот организиран од ВМРО-ДПМНЕ го изјави Александар Нацев.

-Да се нарече тероризам она што нашите браќа и сестри го направија при својот обиде да се одбрани суверенитетот е предавство од највисок вид. Ако не знаат што е тероризам да им појасниме од тука, тероризам е пеењето на странска химна од говорницата во парламентот, тероризам е нелегалниот избор на претседателот на парламентот преку гласање со две раце и надвор од деловникот, а уште поголем тероризам е подготвувањето на платформи во странски држави како ултиматум за формирање на парламентарно мнозинство. Тероризам е нападот на владата од страна на терористите платеници и револуција и симнување на Македонското знаме од јарболот, тероризам е палењето на претседателот на Македонија, потенцираше Нацев.

Тој додава дека најголем тероризам е распродажбата на македонските национални и државни интереси и на сите оние кои му помогнаа на Заев нелегитимно да дојде на власт.

-Сакам од овде да им порачаме на оние кои се подготвени да виткаат кични и да кажуваат дека сите наши проблеми се наша вина затоа што сме ги провоцирале соседите можеме да им кажеме дека само нивните кичми можат да ги виткаат и да ги скршат. По никоја цена нема да дозволиме да ја виткаат кичмата на нашата татковина Македонија. Ова што го прават ќе ги прогонува целиот живот, а ќе ги прогонува и долго после тоа затоа што ќе остане запишано како срамен историски факт кои нивните потомци ќе сакаат да го избришат исто како сега што некои сакаат да го избришат фактот дека биле фашистички окупатори. Нивните постаки ќе се паметат и ќе се раскажуваат како мизерни и предавнички, како што денес раскажуваат постапките на оние кои ги предадоа Турунџев, Ченто, Шишков и Богдановски, вели Нацев.

Тој додава дека ВМРО-ДПМНЕ најостро се спротиставува на оваа неправда и бара безусловно запирање на сите овие монтирани процеси и итно пуштање на слобода на притворените луѓе.

 

 

 

20.12.2017 - 18:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа