Ѓорчев: За притворените пратеници ќе дојде ново сонце на слободата

За неколку денови започнува зимата а на тој ден денот е најкраток а ноќта најдолга, ноќта тогаш трае 15, 16 часа, а сонцето тешко доаѓа до земјата, но браќа и сестри најтемно е пред зората, а темно е затоа што доаѓа зората и ќе излезе новото сонце на слободата, тоа е македонската химна ќе изгрее ново сонце на слободата, ова на вечерашниот протест пред Истражниот затвор во Шутка го истакна Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ.

-Нашиот народ поминал многу зими, нашиот народ поминал многу ноќи и ноќта не 15 часови да трае, таа може да трае и шест месеци како поларните ноќи, но не може темнината да ја победи светлината, светлината ја победува темнината, слободата го победува затворот, ќе дојде слободата браќа и сестри за оние што неправедно се внатре. Вчера беше уапсен човек и луѓе беа земени во полициска станица бидејќи нападнале полицаец, а ги спречуваа во протест, а тука се полицајците кои минатата и пред минатата година со недели и месеци беа каменувани и тепани, каде се кривичните пријави? Каде се обвинувањата од страна на овој министер? Од страна на СДСМ, на оваа влада за луѓето кои што повредија десетици полицајци? Во мај 2015 година во еден ден беа повредени 30 полицајци, каде беа тогаш да ги посетуваат во болница? Каде беа тогаш да ги видат нивните мајки и татковци кога со месеци и години ги каменуваа? А тогаш истите тие отидоа и крвареа во Куманово, некои загинаа, а некои од нив имаа и куршуми во нив, а што им рекоа тие? Да даде господ пак Куманово да ви се случи, потенцираше Ѓорчев.

Тој додава и дека една од затворените мајки во затворот со име Елена Доцевска- Божиновска која е мајка на две деца, долги години чекала да има дете, а кога ја однеле во затвор таа се уште го доела детето.

-Таа нема нападнато ниту еден човек, ниту пак има нападнато, ја ставија во домашен притвор, а обвинителите рекоа малку е и во затвор ја однесоа, а уште го дои детето. А ако зборуваме и за 27 април во тој тежок ден за Македонија добро е што немаше жртви, затоа што секој живот е скапоцен. Но ако зборуваме за жртви, тоа беше Елена која е мајка на две деца како последица на тој 27 април го загубила и своето трето дете кое беше во нејзината утроба, потенцираше Ѓорчев.

Тој вели и дека за Елена и за сите останати ќе дојде ново сонце на слободата.

 

 

 

20.12.2017 - 19:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега