Панчо Минов: Не ја напуштив коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, пратеникот си ја врши работата
Пратеникот Панчо Минов кој доаѓа од ГРОМ и е дел од коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ, вчера се вклучи во работата на Собранието. Тој присуствуваше на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците каде се разгледуваат измени на закони за администрацијата и законот за амнестија.
По влегувањето во Собранието, тој се огласи на социјалната мрежа Фејсбук за настанот.
- Пратеникот си ја врши работата за што е избран. Неговото место е во Парламентот. Присуството во Собрание не значи дека сум ја напуштил коалицијата „За подобра Македонија", напиша на Фејсбук пратеникот Панчо Минов.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа