ИК на ВМРО-ДПМНЕ одлучи - Конгресот сепак ќе се одржи

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната седница ги осуди нехуманите услови во кои власта ги држи уставобранителите кои политички беа притворени со монтирани обвиненија за тероризам.

-Ваквиот однос на властите кон притворените е директно кршење на човековите права и газење на нивното достоинство и претставува уште еден доказ дека не станува збор за правен случај, туку за класична политичка одмазда кон неистомисленици и луѓе кои не се плашеле гласно да го кажат своето несогласување со актуелните политики. Извршниот комитет одлучи дека партијата мора да продолжи да презема чекори со кои ќе го привлече вниманието на домашната и меѓународната јавност за недемократското и репресивно однесување на хунтата на власт и злоупотребата на институциите и целокупниот државен апарат, вклучувајќи ги и правосудните органи. Извршниот комитет ги осуди и обидите на полицијата да ги спречи протестите, со закани и провокации, обидувајќи се да го загуши секое изразување на незадоволство. Ваквите акти не водат кон нормализирање на политичката состојба во земјата и излез од актуелната криза, информираат од партијата.

Извршниот комитет ја разгледа и усвои анализата за одржаните локални избори на која што изминатиов работеше поширок тим. Анализата опфаќа куса, сублимирана верзија за причините за изборните резултати, но и детална обработка на информациите и согледувањата по Општински Комитети. Истата согласно заклучокот на Извршниот комитет, денеска ќе биде презентирана на состанокот на Централниот Комитет.

-Извршниот комитет дискутираше и во врска со јавно објавената иницијатива од страна на повеќемина актуелни и поранешни функционери. Иницијативата објавена во медиуми не доби поддршка од Извршниот комитет кој одлучи истата да не ја предложи на денешната седница на Централниот комитет на партијата. Извршниот комитет ја разгледа и информацијата околу подготовките за одржување на Вонредниот 16 Конгрес кој ќе се одржи на 22 и 23 декември во Валандово, информираат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

21.12.2017 - 11:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега