Попоски на Фејсбук: Оставка поднесов само од извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ

Никола Попоски во однос на шпекулациите поврзани со партиските функции, истакнал дека минатиот месец има поднесено оставка САМО од Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

- Оставката од ИК ја поднесов поради разликите во видувањата за изборните резултати, разликите околу начинот на носење долгорочни одлуки и чувството дека тие водат кон внатрепартиски поделби, кои воопшто не ни се потребни. Ценам дека задржување на единство и фокус на повисоки цели мора да биде над било чии лични амбиции. Член сум во неколку партиски републички комисии и тоа во комисиите за надворешни работи, за европски работи и за одбрана. Останувам посветен на задржување на единството меѓу членовите на ВМРО-ДПМНЕ и реализација на заедничките цели во интерес на Македонија и нејзините граѓани, напиша Попоски на Фејсбук.

 

 

 

21.12.2017 - 13:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега