Димовски: Останувам во ВМРО-ДПМНЕ, но партијата мора да научи да слуша различни мислења

Жалам што Конгресот ќе мине со еден кандидат и останувам на својот став дека нема демократска атмосфера, рече Илија Димовски вечерва пред одржувањето на седницата на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. Тој потенцираше дека останува дел од партијата во која е повеќе од 20 години и дека продолжува да делува против како што рече погубната политика на СДСМ.

„Секогаш може да има различни мислења во партијата. Тоа мора да го научиме. Јас останувам во ВМРО-ДПМНЕ“, рече Димовски.

Димовски не сакаше да открие дали ќе присуствува на утрешниот Конгрес.

 

 

 

21.12.2017 - 20:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега