Се чека преведувач за да се соопшти пресудата за Грујевски и Бошковски

Одлуката за барањето на македонските власти за екстрадиција на Горан Грујевски и Никола Бошковски во Македонија е пролонгирана, бидејќи во Судот во Солун нема преведувач на македонски јазик, пишува МИА.

Адвокатот Петар Василев за МИА изјави дека во моментов бараат преведувач кој ќе им овозможи во целост да ја разберат одлуката за екстрадицијата.

Василев посочи дека доколку Судот одлучи позитивно на барањето за екстрадицијата, како одбрана имаат право на жалба до Врховниот суд во Атина, во рок од 24 часа. 

Предлог за екстрадација на Грујевски иБошковски во Македонија дал обвинителот на Советот на судии, според грчката новинска агенција на минатото рочиште во солунскиот суд.

Oдбраната на Грујевски и Бошковски тврдела дека не станува збор за вистински обвиненија. И двајцата пред судот кажале дека не сакаат да бидат екстрадирани во Македонија бидејќи стравувале за своите животи и намоло да имаат фер судење. Исто така, ги негирал обвиненијата за кои што се товарат и ги оцениле како „политички прогон“.

Освен за екстрадицијата, Грујевски и Бошковски имаат уште два други процеса во Грција, независни еден од друг. Едниот е за фалсификуваните пасоши со кои беа фатени на солунскиот аеродром. Судењето по три одложувања ќе се одржи на 17 мај следната година. Другиот случај е по поднесеното барање за азил на 29 ноември.

Грујевски и Бошковски во меѓувреме остануваат во притвор во близина на Солун. 

Грујевски и Бошковски, кои се меѓу обвинетите од СЈО за предметот „Тврдина и Таргет“, за кој денеска треба да почне судењето во Кривичниот суд во Скопје, беа уапсени од грчката полиција на аеродромот во Солун на 18 октомври годинава, при обид со лажни бугарски пасоши да заминат со авион за Будимпешта.

 

 

 

22.12.2017 - 12:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега