Тереза Меј со писмо го покани Заев на самит за Западен Балкан во Лондон

Амбасадорот на Велика Британија Чарлс Гарет, му врачи покана на премиерот Заев од британската премиерка Тереза Меј, за самитот за Западен Балкан, што ќе се одржи во Лондон во јули следната година, во рамки на Берлинскиот процес и чијашто цел е поддршка на Западен Балкан во напредокот и стабилноста, соопштуваат од Владата.

Меј во писмото потенцирала дека целта на Самитот во Лондон е да се поддржат земјите од Западен Балкан во нивната посветеност, изразена на Самитот во Трст, за добрососедски односи, регионална соработка и адресирање на предизвиците во овие процеси.

„Продолжуваме да го поддржуваме регионот на евро-атлантскиот пат и да работиме со вашата влада, со европските партнери и со другите влади од регионот во градењето просперитет, сигурност и стабилност, во подготовката на нашиот самит во 2018 година и пошироко“.

На состанокот на премиерот Заев и британскиот амбасадор Гарет се разговарало и за важноста на потребните внатрешни реформски процеси, посебно во делот на независноста на правосудството и владеењето на правото.

 

 

 

22.12.2017 - 12:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега