Наставниците не земале плата: Нема настава во основното училиште „Единство“

Поради неисплатени плати за ноември, утрово настава не држат наставници од гостиварското основно училиште „Единство“, јавува МИА.

Околу илјада вработени во сите основни и средни училишта на подрачјето на општина Гостивар не добиле плати за минатиот месец. Проблемот настанал со неприфаќањето на предлог-одлуката за ребаланс на општинскиот буџет на последната седница.

Синидикалната организација на просветните работници ќе чека на исходот на состанокот во локалната самоуправа. Ако не добијат плата, тие де подготвени и на порадикални чекори. За состојбата ја информирале и регионалната канцеларија на СОНК.  Веќе се одржале состаноци со градоначалникот Арбен Таравари и со претседателот на Советот на општината Насир Муслиу за да надминат проблемите.

Според Тафа Амети, претседател на регионалниот синдикат, разговорите почнале уште вчера. Формирана е петчлена работна група, која ги води преговорите.

– Состојбата станува сериозна. Голем дел од нашето членство има кредити, а доѓаат и празници. Инсистираме платите да се исплата што поскоро. Ако не се исплатат до среда, ќе биде комплицирано, бидејќи до тогаш работи државниот трезор. Го очекуваме исходот по состанокот во општината, по што ќе решиме како понатаму, изјави Тафа Амети.

 

 

 

22.12.2017 - 13:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега