Одложена одлуката за екстрадиција на Грујевски и Бошковски

Судот во Солун го одложи објавувањето на одлуката за екстрадицијата на Горан Грујевски и Никола Бошковски, за 5 јануари, објави Алсат-М.

Одлуката требаше да биде објавена денеска, но се чекаше на преведувач на македонски јазик, кој ќе може да ја преведе пресудата за Грујевски и Бошковски.

Доколку солунскиот суд одлучи Грујевски и Бошковски да бидат екстрадирани, тие имаат право на жалба на одлуката до Врховниот суд на Грција во рок од 24 часа.

Двајцата поранешни началници, заедно со ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска и уште десет лица се обвинети во случаите „Тврдина“ и „Таргет“, чие судење тренаше да почне денеска во Кривичниот суд во Скопје, но беше одложено за 17 јануари, следната година.

Грујевски и Бошковски се во притвор во затвор во близина на Солун, а на двајцата им се суди во солунскиот суд и за фалсификуваните пасоши со кои беа фатени на 18 октомври, на аеродромот во Солун како се обидуваат да заминат за Будимпешта. Ова судење, кое се води одвоено од постапката за нивна екстрадиција, е одложено за 17 мај 2018 година.

 

 

 

22.12.2017 - 14:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега