Атанасоски: Иако противзаконски, избирачкиот список се уште достапен на веб-страницата на ДИК

- Иако е противзаконски, Државната изборна комисија на својата веб-страница се уште го има на увид  Избирачкиот список од кој без никаков проблем може да се видат адресите на секој граѓанин, независно дали е премиер или министер за одбрана, рече денеска директорот на Агенцијата за пошти Влатко Атанасоски.

Тој нагласи дека станува збор за кривично дело поради кое сите надлежни може да одат во затвор, но воедно претставува и причина за некој сериозен обвинител да го доведе во прашање легитимитетот на изборите. 

- Според Изборниот законик, Избирачкиот список е јавно достапен за увид 30 дена. Но, институцијата не само што не го почитува рокот од 30 дена, туку Избирачкиот список е до денес достапен. Дополнително, мобилната апликација овозможува листање на целиот град со поштенските адреси. Ако го вкрстам името со податоците за адресата, ќе најдам и кој се уште живее таму. Апликацијата е достапна на смарт-фон. Може да одите по улица и да дознаете кој живее во првата куќа што ќе ви се допадне. Исто така може и да се испрати антракс до кого сакаме и притоа, антраксот не само што ќе стигне, туку и ќе загинат луѓе, истакна Атанасоски.

Агенцијата за пошти ги известила Народниот правобранител и комисијата за заштита на личните податоци, но Избирачкиот список, како што укажа директорот Атанасоски, е се уште достапен на веб-страницата на ДИК. 

 

 

 

22.12.2017 - 14:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега