Влатко Атанасоски бара судско одложување на Вонредниот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ

Директорот на Агенцијата за пошти Влатко Атанасоски, како делегат на Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ и долгогодишен член на партијата, до Основниот суд  1 доставил предлог за времена забрана за одржување на Вонредниот конгрес во Валандово.

Како што изјави денеска, одговорајќи на новинарски прашања по јавната седница на Агенцијата, причина за ваквиот чекор е неговото право на Конгресот да ја искаже својата слободна политичка волја што во моментов не е можно зашто има, нагласи, директни закани од некои делегати, а за тоа е известено и МВР.

Тој очекува одговор од Судот уште денеска.- Не може да не добијам одговор, смета тој.

Во спротивно, додаде, бидејќи барањето е за времена мерка, освен од политички интерес, за заштита на материјално-правните права на мојата политичка партија, вклучува и заштита на моите права со оглед дека во меѓувреме наведов докази според кои е доведена во прашање мојата лична и безбедноста на моето семејство. 

- Сакам својата слободна политичка волја да ја изразам на конгресот. Ако Судот не ги вреднува моите докази и не го забрани таквото одржување, ќе морам поинаку да се обратам на тој конгрес. Ако присуствувам меѓу 544 делегати од кои некои директно упатија закани, не можам таму да бидам слободен и да не се грижам за својата безбедност, нагласи Атанасоски.

Доколку Конгресот не се одложи, веројатно, тој, сепак, ќе присуствува на него.

 

 

 

22.12.2017 - 15:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа