Заев на средба со Сојузот на дефектолози: Координативно тело ќе го следи остварувањето на правата на лицата со попреченост

Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со претставници на Сојузот на дефектолози. Покрај него, на средбата,присуствуваа и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, како и Драги Рашковски, Генерален секретар на Владата на Република Македонија.

На средбата беше договорено, во рамки на Владата на Република Македонија,да се формира координативно тело, составено од национален координатор и двајца заменици, кое ќе биде задолжено за имплементација на одредбите од Конвенцијата на Обединетите Нации за правата на лицата со попреченост, која Република Македонија ја ратификувала во 2011-тата година.

Премиерот Заев, истакна дека еден од врвните приоритети на оваа Влада е подобрување на условите за живот на лицата со попреченост и посочи дека координативното тело мора да има улога на генератор на сите позитивни промени во општеството.

„Со тоа ќе биде и пример како треба да делуваат институциите кои работат на оваа проблематика“, потенцираше премиерот Заев.

Во исто време, како резултат на средбата, ќе биде формирано и надворешно, мониторинг тело, кое на предлог на министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, ќе го предводи Народниот Правобранител на Република Македонија. Истото ќе ја мониторира и критикува работата на координативното тело во рамки на Владата на РМ.

„Сите проблеми се решливи, само неопходна е волја од надлежните институции“, потенцираше министерката Царовска.
Со формирање на координативното тело, како што истакнаа од Сојузот на дефектолзи, Владата на Република Македонија покажува дека дефектолозите ќе бидатрамноправен партнер на државните институции.

 

 

 

22.12.2017 - 15:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега