Кривичен: На Мијалков да не му се суди за „Тортура“

Да им се суди на поранешниот шеф и уште пет припадници на единицата АЛФА за апсењето на Љубе Бошковски, но не и на Сашо Мијалков. Таква одлука донел скопскиот Кривичен суд, откако само делумно го прифати обвинението на Специјалното јавно обвинителство за предметот „Тортура“ - објави Алсат М.

Одлуката, да не му се суди на првоосомничениот Сашо Мијалков, според информации на АЛСАТ М, е неприфатлива за СЈО и тие ќе ја обжалат одлуката на основниот суд пред Апелација. Ова е втор случај во кој кривичниот суд одлучи само делумно да прифати обвинение на СЈО.

Таков беше епилогот и во „Титаник 2“, каде судот одлучи да им се суди на членови на Државната изборна комисија, но го одби обвинението за управните судии осомничени за злоупотреба на службената положба. Специјалното обвинителство се жалеше и за таа одлука, но скопска Апелација се уште нема донесено одлука

 

 

 

22.12.2017 - 15:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега