Метеоролозите згрешиле, па ја менуваат прогнозата: Каква зима не очекува

Метеоролозите постојано најавуваат топла зима во Македонија и во регионот, но се чини дека нема да биде само така.

Според прогнозата на Рупубличкиот хидрометеоролошки завод на Србија, еве каква зима не очекува во наредното тромесечје:

За периодот од 25 декември па до крајот на годината се прогнозира релативно стабилно време со дожд, а на планините и снег.

Наредниот зимски период се предвидува да биде потопол, во однос на просечната температура за зимскиот период од 1981 до 2010 година. Не е исклучена можноста  за значително ниски температури, но со кратки прекини со исклучително високи температури во однос на просечните вредности.

Иако во наредното тромесечје се предвидуваат снежни врнежи над просекот, сепак можни се кратки сушни прекини.

Се очекува вредностите на средната зимска температура да бидат од интервал до 4 степени, односно од-4 до нула во планинските предели.

 

 

 

22.12.2017 - 16:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега