Почна пријавувањето на делегатите на Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ - Димовски и Милошевски не учествуваат

Почна пријавувањето на делегатите на 16. вонреден Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ. Претседателот на организацискиот одбор на Конгресот, Спиро Рисотвоски, истакна дека им претстојат конструктивни два дена на работа на највисокиот партиски орган. 

- Според агендата од 17 до 19 часот трае пријавувањето на делегатите. Од 19 часот треба да почне работата на Конгресот при што ќе бидат избрани работните тела, потоа ќе следува интерна дискусија на која што секој делегат може да се пријави, да даде свое согледување за темите за коишто ќе се дебатира. Она што ќе е најинтересно за јавноста ќе се случува утре кога треба да биде избран новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Очекувам конструктивна работа на највисокиот орган, рече Ристовски.

На новинарско прашање за ставот на неговите сопартијци Антонио Милошоски, Илија Димовски кои најавија неприсуство на Конгресот Ристовски одговори дека партијата следните чекори ги прави согласно  одлуките на партиските тела.  Деновиве, наведе, имало конструктивна и конкретна дебата во партијата и нејзините тела од која тој како претседател на организацискиот одбор е задоволен.

- Лично ги поддржувам личните размислувања на поединци од партијата и секако на партиските функционери. Партијата следните чекори ги прави согласно  одлуките на партиските тела, а Извршниот и Централниот одбор не ја изменија одлуката за одржување  на Конгресот на 22 и 23 декември во Валандово. Па еве сме тука и продолжуваме со работа, рече Ристовски.

Христијан Мицковски, генералниот секретар на ВМРО- ДПМНЕ, е единствен кандидат за нов претседател на партијата на вонредниот конгрес што одржува денеска и утре во Валандово. Конгресот на партијата уследи по повлекувањето на Никола Груевски од лидерската функција.

За да почне да работи Конгресот потребно е присуство на две третини од вкупниот број 544 делегати.  Единствениот кандидат за да биде избран за претседател на ВМРО-ДПМНЕ треба да добие поддршка од мнозинството од вкупниот број делегати. Во спротивно целата изборна постапка се повторува.

 

 

 

22.12.2017 - 17:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега