Заев: Предлогот на Села беше неприфатлив

 

Премиерот Зоран Заев изјави дека предлозите за испразнетите министерски места се испратени до Собранието на Република Македонија и оти предлогот на Алијансата за Албанците за министерското место за здравство бил неприфатлив.

Во гостувањето на „Ноќно студио“ на телевизија Телма, Заев рече дека на никој од коалиционите партнери не му следува министерство по проритет и оти Алијансата за Албанците го добила министерството за здравство поради Арбен Таравари.

Заев оцени дека станува збор за незгодна ситуација имајќи ја во предвид целокупната соработка со Зијадин Села и тоа што Села бил заедно со него на 27 април, но оти како премиер има поголема одговорност.

За предлогот за министер за здравство да биде назначен Венко Филипче, премиерот Заев смета дека станува збор за човек којшто ќе ги спроведе реформите во здравството.

 

 

 

23.12.2017 - 10:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа