Партијата на Села утре одлучува дали ќе остане во Владата

Алијансата на Албанците или партијата на Зијадин Села, утре одлучува дали ќе остане или ќе излезе од Владината коалиција. Откако премиерот Зоран Заев вчера во ноќното студио на Телма изјави дека ресорот здравство е за Венко Филипче, дека тој останува и предлогот е веќе испратен до Собранието, Алијансата на Албанците закажала централно Собрание на кое ќе се одлучи што ќе прават понатаму, јавува Телма.

Инаку, Заев вчера при гостувањрто во Телма истакна дека предлогот на Села бил неприфатлив и дека на никој од коалиционите партнери не му следува министерство по проритет, како и дека му е незгодно со оглед на настаните кои се случија на 27 април, особено за Села, но дека Венко Филипче останува како човек кој според него  ќе ги спроведе реформите во здравството.

И Зијадин Села по средбата со Заев која се одржа во четвртокот истакна дека партијата ќе си стои на своите ставови.

-Имавме средба со премиерот. Јавноста веќе е запознаена за што се работи. Ние остануваме на нашите ставови дека нема да прифатиме позиции кои  се токмат преку ноќ и да се омаловажува Алијансата за Албанците. Такво нешто нема да прифатиме. Му дадов предлог на премиерот да стокми уште една позиција заменик премиер за носење бурек и таа позиција ќе и ја дадам на ДУИ за да именуваат некој нивен министер. Ние остануваме на нашите ставови  дека ќе го држиме Министерството за здравство  и нема да правиме договори и наддоговори. Договорот за формирање Влада е направен кога се направи Владата, изјави Села.

 

 

 

23.12.2017 - 15:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега