Хојт Ји: Атина и Скопје имаат одлична можност да го решат спорот со името во 2018

 

Атина и Скопје имаат одлична можност да го решат прашањето за името во 2018 година. Лидерството и добрата волја од владите на двете земји се охрабрувачки, истакна Брајан Хојт Ји, заменик помошник државен секретар на САД во интервју за грчката новинска агенција АНА - МПА.

- Лидерството и добрата волја што неодамна ги изразија двете влади за ова прашање се охрабрувачки. Преговорите ќе бидат тешки, и двете страни мора да прават компромиси, но изгледа првичните разговори со посредништво на специјалниот пратеник на Обединетите нации Метју Нимиц беа конструктивни, истакнува Ји.

Тој го охрабрува и позитивниот тон што го гледа кај премиерот Зоран Заев во спроведувањето на реформите и подобрувањето на односите со соседните земји. Оцени и дека локалните избори поминале во клима на почитување на основните слободи.

Ји во интервјуто рече „не постојат такви планови“ во однос на шпекулациите дека тој би бил нов американски амбасадор во Скопје. - Белата куќа е единствено надлежна за тие прашања и нема соопштено ништо такво, рече Хојт Ји за државната новинска агенција на Грција. 

 

 

 

23.12.2017 - 16:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега