Почна состанокот на Алијанса на Албанците: Села носи одлука дали ќе остане во Владата

 

Централното собрание на Алијансата за Албанците во Гостивар денеска го почна редовниот состанок на кој се разгледуваат состојбите во партијата и ќе се прават подготовки за партискиот конгрес.

На состанокот во ресторанот „Арена“ во Гостивар присуствуваат делегати од партиските структури и ограноците.

Меѓу темите ќе биде и одлуката дали Алијансата за Албанците ќе остане во владината коалиција.

Се очекува лидерот на партијата Зијадин Села да даде информација по разговорите со премиерот Зоран Заев од пред три дена. 

 

 

 

24.12.2017 - 13:25
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега