СДСМ: Црниот понеделник не смее да се повтори

СДСМ денеска преку соопштение реагираа за црниот четврток во Собранието, кој се случи пред 5 години на денешниот датум.

- Денешниот датум, 24 декември, останува врежан како еден од црните денови за демократијата во Македонија и сведочи за бруталноста на сега веќе поразениот режим на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ. Никола Груевски и фамилијата пред очите на целокупната јавност, преку злоупотреба на полицијата во законодавниот дом ја погазија демократијата брутално исфрлувајќи и тепајќи новинари и пратеници. Таквите долгогодишни политики на сеење страв и омраза од страна на режимот на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ кулминираа со упад и насилство во Собранието на 27 април годинава, стои во реакцијата.

Граѓаните ги препознаа деструктивните политики на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ и затоа го казнија нивното насилничко однесување, избраа промени, заедништво, нови одговорни власти кои работат во интерес на Македонија и нејзините граѓани. Преку политиките на заедништво, соработка, добрососедство и инклузивност повторно се градат врвните демократски вредности. Принципот на едно општество, меѓусебното почитување и соработка се гаранција дека таквите денови се дел од темното минато и не смеат веќе никогаш да се повторат, завршуваат од СДСМ.

 

 

 

24.12.2017 - 15:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега