Одложено судењето за „Поткуп“, денеска ќе одлучува и Апелација

Судењето за предметот „Поткуп“ во кој е обвинет премиерот Зоран Заев е одложено за 29 јануари следната година, бидејќи предметот не е пристигнат од Апелацискиот суд кој се уште не одлучил за жалбата за ПИ-мерките во овој случај.

- Ние баравме изземање на судијката и се надевам дека брзо ќе се донесе одлука за да може да продолжи судскиот процес, рече Заев денеска пред Кривичниот суд.

На прашање што очекува од Апелација, Заев одговори дека очекува жалбата да биде прифатена, но како и да одлучи Судот ќе ја почитува одлуката.

- Жалбата е суштествена во самата постапка и се однесува на тоа дали јавно објавените ПИ-мерки во продолжение на рочиштето ќе бидат доказ или не. Јас сакам таа снимка да биде јавно достапна за да може да ја видат сите комплетно, без деловите каде е пресечена заради тоа што не само што сум убеден во добивањето на правдата и потврдувањето на мојата невиност затоа што извршувам висока политичка функција, рече Заев.

Апелацискиот суд Скопје денеска треба да одржи седница на која ќе ја разгледува жалбата на одбраната на премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, која бара видеоснимките од посебните истражни мерки (ПИМ) да не бидат користени како доказ во судската постапка за случајот „Поткуп“, во кој Заев е обвинет.

Последната седница во Апелацискиот суд беше одложена бидејќи судијата известител за овој случајот е избран за судија во Врховен суд. Седницата беше одложена на неопределено време.

Адвокатите на Заев, претходно, од Кривичниот суд побараа да ги издвои овие снимки од доказниот материјал, но Судот го одби нивното барање и донесе решение тие да бидат доказ, по што поднесоа жалба до Апелацискиот суд.

Одбраната и Заев бара снимките да не бидат доказ бидејќи веќе биле објавени во јавноста, односно делови од нив биле ставени на видеосервисот „Јутјуб“, а потоа преземени и објавени од медиумите.

Заев во случајот „Поткуп“ е осомничен за барање и за земање поткуп во висина од околу 160 илјади евра од струмичкиот бизнисмен Иван Николов-Сачевалиев, во врска со легализација на земјиште.

 

 

 

25.12.2017 - 10:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега