Мнозинството мака мачи да обезбеди кворум во Собранието - чекаат министрите на Заев и Јавниот обвинител

Цел час партнерите од владејачкото мнозинство мака мачат да обезбедат кворум во Собраниската сала. И покрај напорите се уште им фали најмалку 1 пратеник за да обезбедат 61 полно столче како би можеле полноважно да гласаат.
Иако собраниската седница беше закажана за во 11 часот, час и нешто повеќе подоцна, таа се уште не е почната.
Во серија собраниски седници пратениците денеска треба да го изберат новиот Јавен обвинител, новите министри во владата на Заев и да ги разрешат членовите на ДИК кои си поднесоа оставки.
Иако на собранискиот монитор стои дека се присутни 65 пратеници, сепак, во салата има само 60 што не е доволно за да почне гласањето.

 

 

 

 

 

25.12.2017 - 12:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега