Само во Македонија: Министерството бара советник за здравствен менаџмент по струка историчар


Државен советник за здравствен менаџмент и здравствена политика е местото за кое се бара вработување во Министерството за здравство, а лицето кое ќе биде примено на ова работно место може да биде и историчар, пишува Плусинфо.

Имено, во огласот кој истекува денес, во условите за вработување помеѓу другото се наведува дека кандидатот треба да има најмалку 240 кредити стеканти според ЕКТС или завршен Vii/1 степен на образование по историски, економски или правни науки.

Огласот бил објавен на 11 декември, а нето платата изнесува 36.855 денари, стои во текстот на порталот.

 

 

 

25.12.2017 - 12:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега